Востание во Исламската држава

На Сиријците и се смачи да бидат контролирани од Исламистите, па кренаа бунт против џихадистите и во 5 градски кварта започнаа со пресметување со нив.

Бунтот започна така што Сиријците, лојални на својата земја ги закачија знамињата на прозорците од куќите и зградите, со што дадоа знак дека Рака не е „престолнина на ИД“, како што џихадистите постојано повторуваа со месеци наназад.

После тоа започна пресметката со исламистите, а сведоците од лице место јавуваат дека џихадистите трпат големи загуби за време на тие борби, јавува „РТ“.

Бунтовниците дури и ги блокираа излезите на градот, па голем број на дезерти од редовите на ИД не можат да побегнат од Рака.