ВИДЕО: Кире Лазаров им ја скина мрежата на “лавовите”

Кире Лазаров и Барселона ја исполнија целта – пласман директно во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Овој пат синоќа против Рајн Некер Ловен, нашиот капитен го доби и македонскиот дуел со Борко Ристовски. Кире им даде 6 гола на двата голмани на „лавовите“ во победата од 26-20 (11-10).