(ВИДЕО) Русите повторно објавија докази: Турците бомбардираат Курди и им праќаат помош на терористите

Руското министерство за одбрана соопшти дека Турција продолжува да ги бомбардира Курдите во Сирија, но и дека им помага на терористе кои се на границата.

“Анкара е одговорна за прекршување на примирјето во сиријските провинции Идлиб и Алепо„, изјави рускиот генерал Сергеј Кураленко. Тој наведе дека објавено е видео на кое се докажува големиот број на терористи во близина на границата.

“Артилијерската палуба на курдските сили која се бори против фронтот Нусра продолжена е од турската територија во близина на Јанкај“, кажува генералот.