Една секојдневна навика го зголемува ризикот за дијабетис

 Имено, ново истражување покажува дека проблемите со спиењето го зголемуваат ризикот за дијабетес од тип 2.

Имено, дури и тешкото запивање го зголемува ризикот за дури 47%. Кога ќе се земат предвид и другите ризични фактори за дијабетес како високиот притисок и индексот на телесна маса, се зголемува и ризикот за добивање дијабетес. Ова е најголемо истражување досега за поврзаноста на проблемите со спиење и дијабетес од тип 2. Потешкотиите со спиењето го зголемуваат хормонот за стрес кој е поврзан со отпорноста на инсулин.

Намалено лачење инсулин поради помалку спиење 

Жените со проблеми во спиењето кои и работат ноќни смени и спијат помалку од 6 часа имаат дури 400% поголеми шанси за дијабетес. Жените со само еден фактор имаат поголем ризик за дијабетес за 47%. За превенција битни се и квалитетот и траењето на сонот.

Не паничете доколку ви се случи проблем со спиењето понекогаш. Неколку ноќи нема да направат голема разлика. Доколку проблемот е хроничен, тогаш е опасно. Истражувањето покажало дека оние кои спијат помалку лачат помалку инсулин, а со тоа и имаат повисок шеќер. Само две ноќи нормален сон ги враќаат вредностите на нормала.