Демант од Владата дека е поништена одлуката на општина Бутел

Објавено: сабота, 5 март 2016 во 11:44
Spread the love

Владата на Република Македонија денеска ги демантира информациите дека синоќа одржала седница и дека е поништена одлуката на општина Бутел за изградба на крстот.

– Во целост ги демантираме дезинформациите кои се појавија во некои медиуми дека наводно Владата донела одлука со која што наводно се поништила одлуката на општина Бутел за изградба на крстот.
Тоа е тотално неточно и невистинито. Владата нема донесено таква одлука, ниту пак вчера има одржано седница, стои во соопштението од Владата.