Бошњак уапсен бидејќи не ѝ дозволува на ќерката да оди на пливање во училиште

Како што јавуваат босанските медиуми, Тахировиќ инсистира неговата ќерка да носи хиџаб, а пливањето не ѝ го дозволува бидејќи, како што вели, делови од нејзиното тело би биле видливи дури и кога би носела костим. Тој не ѝ дозволувал ниту да оди на скијање на Алпите.

Управата на училиштето во местото Сан Маргетен во кантонот Сан Гален предходно го предупредила Тахировиќ дека мора да ѝ дозволи на својата ќерка да биде третирана исто како другите деца, или ќе има последици. Неименуван претставник на училиштето за локалните медиуми изјавил дека неговото школо повеќе не можело да прави отстапки за Тахировиќ.

Целиот случај завршил на суд, а Тахировиќ е осуден на четири месеци затвор бидејќи „ја спречил својата ќерка да се интегрира во општеството и со тоа ѝ го одзел правото на школување според планот и програмата“.

Неговиот адвокат се жалел на пресудата и истакнал дека претставниците на училиштето не биле доволно уверливи во објаснувањето колку всушност би биле сериозни последиците за детето доколку не оди на пливање и скијање. Тој додал и дека Тахировиќ од самиот почеток на процесот бил претставен како екстремист.