ФОТО: Додека се породувала преку Фејсбук дознала дека нејзиното момче се оженило со друга

Хедер Мекгилион (24) поминала низ вистински пекол додека на свет го носела своето бебе, а во меѓувреме нејзиниот момче Адонис Родригез, татко на детето бил илјадници километри оддалечен женејќи се со друга жена.

Тој својата сегашна сопруга ја запознал случајно додека бил во Доминиканската Република па веднаш решил да се ожени со неа.

Хедер од Шкотака се преселила во Велика Британија за таму да го роди своето дете бидејќи условите биле подобри. Нејзиното момче морало да се врати за Доминиканска Република бидејќи му истекла визата, или барем така ја убедувал Хедер.

vencavka

Откако таа се породила со нивниот син Диего, Хедер добила порака на мобилен на која имало фотографија од венчавката на Адионис, нејзиното момче со друга жена.

-Кога ја видов фотографијата имав чувство како да ме удрил автобус. Бевме раздвоени само две недели, не сфаќам како можел за толку краток временски период да организира венчавка.. мислам дека ме лажел цело време, објаснува Хедер.

vencavka.jpg1

Инаку, Адионис својата жена ја запознал на едно патување на кое била присутна и неговата девојка. Тие станале пријатели на Фејсбук и се допишувале, но кога Хедер прашала што се случува меѓу нив, тој рекол дека не е ништо страшно и дека само се допишуваат.

vencavka.jpg2

-Се чувствувам како вистинска будала по ова што ми го направи Адионис. Ме третираше како кралица и со нетрпение го чекаше нашето бебе. Не можам да си поверувам што се случи, вели таа.