Асани и Меџити отишле на распит во полиција за инцидентот во Казабланка

Утрово според извори на Либертас посочените од Тодор Петров, Бекир Асани и градоначалникот Изет Меџити се јавиле на распит во полициска станица околу саботниот инцидент во ресторанот Казабланка, дознава Либертас од извори во ДУИ.

Асани е обвинет од Петров дека го тепал а градоначалникот Меџити дека гледал ама не го одбранил.

Асани претходно во изјава за Дневник негираше дека тој го истепал Петров, а Меџити рече дека председателот на СМК најверојатно се спрепнал и од тоа му е модринката на окото.

Нема информации дали и пред полицијата дале вакви искази за инцидентот кој се случи по осветување на темелите на гигантски крст во Бутел во ресторанот Казабланка каде што тие се сретнале со Петров.