За Белата куќа истребувањето на христијаните сѐ уште не може да се нарече геноцид

На прашањето дали ИСИС спроведува геноцид при своето истребување на христијаните во Сирија и Ирак, Ернес одговори: „Моето разбирање за за употребата на тој збор вклучува многу специфична правна дефиниција која сѐ уште не е достигната. Ние веќе подолго време ја искажуваме нашата загриженост од тенденцијата, односно не тенденцијата, туку тактиката на ИСИС за уништување на верските малцинства во Ирак и Сирија“.

„Токму поради тоа директно кажавме дека ИСИС го заслужува меѓународниот и интензивен одговор кој меѓународната заедница го спроведува против нив. Токму поради нивната тактика за уништување на верските малцинства, особено христијаните“, додаде Ернест.

Во Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидни злочини на ОН од 1948 година се вели дека геноцид се „акти извршени со цел да се уништат, целосно или делумно, национални, етнички, расни или верски групи“, особено преку „убивање на членови на тие групи“.

Во март 2015 година во извештај на Комитетот за човекови права на ОН (УНХЦР) беше истакнато дека: „Актите на насилство (од страна на ИСИС во Ирак и Сирија) насочени против цивили поради нивната поврзаност или наводна поврзаност кон етничка или верска група може да се наречат геноцид“.

Според резолуцијата на Европскиот парламент усвоена во април 2015 година „христијаните се најпрогонуваната верска група во светот, а екстремизмот и прогонот се значителни фактори за сѐ поголемиот феномен на масовни миграции, додека бројот на христијани убиени секоја година е над 150.000“.

Поради постојаниот прогон на христијанските малцинства во Сирија и Ирак нивниот број е значително намален. Во Ирак, бројот на христијани е сведен на околу 300.000 од околу 1,4 милиони во 2003. Во Сирија сега има само околу 500.000 христијани, во споредба со над 1,25 милиони во 2011.

Христијанството, според некои извештаи, е на пат да исчезне од Ирак во следните пет години, додека истата судбина го чека во повеќето земји на Блискиот Исток.