Средба на вистинско куче и куче робот

Во ова видео ќе ја видите разликата меѓу вистинко куче и роботот-куче на Гугл.

Нешто слично како кога Том (од Том и Џери) ќе се сретне со механичката мачка. Само што овде вистинското куче навистина е возбудено и лае по неговиот роботски двојник, ако може така да се нарече. Роботот-куче изгледа малку несмасно, а на малиот териер не му останува ништо друго да прави освен да лае и можеби да позелени од завист.