Фејсбук го менува светот – ќе бидат лоцирани сите луѓе!

Фејсбук има намера да ги лоцира сите луѓе на светот. Притоа Фејсбук нема да користи само готови решенија како на пример што е случај кај Google Maps, туку во една од своите лаборатории Фејсбук веќе започна со изработка на најдеталната мапа на светот.

Според најавите од Фејсбук, главната цел е да се поврзат сите луѓе на светот преку internet.org а за да се успее во тоа, потребно е да се дознае каде живеат сите луѓе на светот.

За изработката на своите мапи, Фејсбук веќе изработиле сателитски снимки од 20 земји на светот, а изработени биле речиси 15 милијарди фотографии од висока резолуција, притоа покривајќи површина од нешто повеќе од 22 милиони квадратни километри. Според изјавите на членовите на лабораторијата која се занимава со овој проект, станува збор за најдеталната сателитска мапа која што е направена некогаш.