Да го следиме примерот на Васко и да донираме за малиот Кирил

„Македонско интро“ е дело на познат македонски музичар и продуцент, Васко Белески кој со својата креативност и хуманост успева да ги стопли срцата на оние на кои најмногу им е потребна помош.

Собраните средства од ова преубава композиција македонскиот музичар ги донираше за малиот Кирил на кој што му е дијагностицирал малиген тумор на левата хемисвера од големиот мозок. Лекувањето на ова мало слатко бебенце треба да започне следната недела во Израел.

Белески ги повикува сите хумани граѓани да донираат за 11-месечниот Кирил, се со цел да му се помогне да заздрави и да доживее убавите детски мигови како и длабоката старост.

Инаку, Васко Белески моментално работи на голем музички проект насловен како „Македоника“ кој треба да биде објавен на есен, а средствата од истиот ќе бидат наменети за децата без родители и за оние на кој што им е потребна помош.