ВО ЖИВО: Mигрантите и денеска се готват насилно да влезат во Македонија

Попладнево уште поголема група мигранти повторно се собира со намера да ја срушат и преминат оградата на македонско-грчката граница.
Поради тоа, се зголемува и полициското присуство за да се избегнат поголеми инциденти. Според инфомрации од Грција, и грчката полиција се подготтвува да и нтервенира.

Според неофицијални информации во Грција има повеќе од 70 000 мигранти кои стануваат се понервозни поради недостигот на хранаи облека, но и поради временските услови.

Македонската полиција и натаму пропушта селективно со земање на сите потребни генералии од мигрантите, а поради тоа е намлен и обемот на пропустливост. Вчера беа пропуштени само 210 мигранти.