(ВИДЕО) Црногорец измислил ракета шпорет, сега за греење троши само 20 евра годишно

Триесет годишниот Милован Цвишиќ од Бјело Поље своите пронајдоци ги прави од стари работи.
Милован, меѓу другото, го измислил т.н. ракета шпорет и црногорскиот мерак – велосипед.
“Системот е во форма на буквата U. Од една страна се ставаат дрва, а од другата има „цевка„ преку која излегува чадот нагоре. Зад шпоретот може да се додаде буре на кое ќе може да се готви. Јас мината зима додадов бојлер и така ја загревав водата над него “, објаснува Цвишиќ.

По првичните експерименти тој сфатил дека тоа не било доволно, па одлучил дека неговата ракета шпорет, поради поголеми заштеди и изглед, да го соѕида со тули и глина.
“Предноста на ѕиданите печки е во тоа што масата што се загрева подолго ја држи топлината. Таа ја задржува топлината околу четири до пет часа, а потоа е доволно само со малку дрва да се одржува топлината.
Тој објаснува што прави точно. „Ставам дрва само кога е ладно, и тоа, четири или пет пати по едно дрво. Тоа е голема разлика во однос на различни системи за греење, кои постојат и бараат огромни количини на дотур на гориво “, вели иноваторот.
Поради тоа што нема постојана работа, а за огревно дрво трошел околу 10-12 метри дрва за една година, сега благодарение на својот изум, Милован за греење дава само 20 евра.
За Милановиот шпорет слушнале и соседите и многумина го сакаат неговиот апарат. За овој Црногорец од Бијело Поље предизвик претставуваат старите работи кои луѓето ги фрлаат. Ѕидовите на неговиот скромен дом е украсен со часовници изработени од грамофонски плочи, а нови идеи му доаѓаат додека слуша музика од еденствениот мобилен грамофон..
Сепак, најмногу внимание привлекол кога Милован го изумил велосипедот кој наликува на мотор чопер.
“Ова е чист начин да уживате. Човекот вози до градот за да се напие кафе и така натаму”, вели иноваторот. Тој пронајдок луѓето од Бијело Поље го нарекле “црногорски мерак велосипед”.