Видео: Огнена топка лебдела на небото

Глетката која ќе ја видите навистина ретко се гледа. На видео снимката е забележан метеор кој спектакуларно изгоре во атмосферата на ноќното небо над Шкотска.

Некаде над Пертшајр, метеорот изгоре во блесок поради триењето со стмосферата, и за момент го осветли целото небо.

Џени Морисон имала неверојатна можност оваа глетка да ја види во живо, кога се враќала дома од работа и ја здогледала огнената топка на небото.

– Си помислив „Што е тоа?“. Мојот син рече дека е метеорит. Изгледаше како некој да го запали па изгаси светлото. Многу надреален момент, рекла Џени.