ШОКАНТНО ВИДЕО: Мајката на обезглавеното дете се онесвести кога ја слушна страшната вест

Светот е шокиран од грозоморното видео од Москва на кое е прикажана жена, облечена во црно, како шета во близина на станица за метро со отсечена детска глава во рацете и се слуша како извикува „Јас сум терорист“.

Според првичните информации, станува збор за 38-годишната Ѓулчера Бобохулова, со потекло од Узбекистан, која неодамна добила руски пасош.

nastja

На последното видео поврзано со грозоморното злосторство се гледа мајката на убиената Настја, девојчето чија глава беше отсечена, како паѓа во несвест откако ѝ е соопштена страшната вест.

Руските медиуми пренесуваат дека Екатерина Мешчерјакова е пренесена во болница во бесвест Убиеното девојче било со пречки во развојот и хендикепирано. Нејзиното тело го пронашле спасувачите по гасењето на пожарот во еден стан во Москва. Тоа се случило откако дадилката со отсечената глава во рацете се појави на улица.

„Се верува дека дадилката, додека родителите биле излезени со постарото дете, го убила девојчето од непознати причини, а потоа подметнала пожар и излегла надвор“, соопшти вчера полицијата.