Питачите во Велика Британија заработуваат повеќе од премиерот

Шефот на оделението за животна средина на Вулверхемптон, Стив Еванс, тврди дека овој град во Англија е соочен со големи проблеми поради лажни питачи и бездомници, пренесува Танјуг.

Имено, тој наведе дека еден бездомник дневно заработува близу 636 евра, што на годишно ниво е близу 165.413 евра, само 15.268 евра помалку од годишната плата на премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

– Во центарот на градот имаме луѓе кои се професионални питачи, уверен сум во тоа. Тие заработуваат многу пари со тоа што ги мамат граѓаните, истакна Еванс.

Поради лажните питачи загрозени се и вистинските бездомници.

– На некому навистина му се потребни пари за храна, а не алкохол. Срамота е што неколку измамници даваат лоша слика за нас, објасни питач за британски „Телеграф“.