Ветер до 90 километри на час во недела и понеделник

Под влијание на изразено јужно струење во недела попладне, во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник меторолозите најавуваат засилен југоисточен ветер.

Брзината на ветерот во недела повремено ќе достигнува до 70 км/час, а во понеделник на моменти ќе надминува и 90 км/час. Поизразен ветерот ќе биде долж Повардарието и во источните делови од земјата.