Турција под опсада: Како Москва ја притисна Анкара во челични стеги

Русија се утврди во Сирија и подготвена е за сите видови на потенцијални судири, во голема мерка користејќи ги можностите создадени со погрешната политика на режимот на Ердоган, наведува турскиот аналитичар Билент Кенеш.

Колумнистот на турскиот опозициски весник Todays Zaman, Булент Кенеш, во својата статија “Сирискиот ќорсокак и руската опсада” наведува дека Турција платила многу висока цена поради погрешната сириска политика на претседателот Ердоган, која Анкара ја води од 2011. година, и дека поради тоа Русија стекнала голема геостратешка предност, но и дека Турција сега е целосно обиколена:

“Цената на авантуристичките стратегии за “промена на режимот во соседна земја” – кои се во целосна спротивност со традиционалната турска надворешна политика – не е ограничена на билатералните односи и на регионалната политика. Девијантната сириска политика целосно се потпира на соништа за гасоводи и лични амбиции, и поради тоа ги отрула и врските на Турција со другите сили и меѓународни организации. Покрај тоа, таа почнала да ѝ се заканува на безбедноста на земјата, територијалниот интегритет, националното единство, социјалниот мир и економијата.

Во оваа статија нема доволно место опширно да се опише штетата која ја нанесе погрешната политика кон Сирија. Но, можеме да наведеме влошување на односите со Иран, Ирак, Русија, САД, ЕУ и НАТО одеднаш. Доколку режимот на Ердоган не го признае целосниот неуспех на својата политика во Сирија и одбие да направи остар пресврт, се плашам дека цената која Турција ќе ја плати ќе биде поголема, а загубите ќе бидат неповратни.

Дури и доколку ја гледаме само лошата состојба во турско-руските односи, може да ги видиме разорните последици за националните интереси на Турција. Благодарение на лошо пресметаната политика, Русија веќе дојде до огромни геостратешки можности, кои не била во шанса да ги постигне со векови. Русија се потпира на легитимни изговори, за кои лесно може да се најде оправдување во меѓународното право, и може да се служи со оправданата омраза на меѓународната заедница кон ИСИС. Така дошла во можност во воена и политичка смисла да продре во Сирија, земја која има 910 километри долга граница со Турција. На овој начин, Русија создала еден вид влијателна сфера во источниот регион на Медитеранот, каква посакувала со векови.

До неодамна, Турција уживала одлично односи со Русија, до ниво на одржување на заеднички состаноци на кабинетите и меѓусебно укинување на визи. Но, политичките, комерцијални и економски односи меѓу двете земји денес нагло опаѓаат. Во еден момент размената дошла на ниво од 32 милијарди долари годишно, но сега секој напредок во турско-руските економски врски би бил изненадување. Исто така, големата посета на руските туристи е веќе далечен спомен.

ruska-opsada

Политичката, економската, воената и стратешка цена која Турција ја плати не е ограничена само на ова. Откако Турција го собори рускиот воен авион во ноември минатата година, повикувајќи се на повреда на воздушниот простор која траела 17 секунди, Анкара е под воена опсада од Русија. Покрај тоа, во знак на одмазда за соборувањето на авионот, Русија се обидува да ја вовлече Турција во судир.

Проучувајќи ја оваа слика, можеме да го заклучиме следното: Русија се утврди во Сирија, и подготвена е за сите видови на потенцијални судири, во голема мера користејќи го можностите создадени од погрешната политика на Ердоган. Нема показатели дека военото присуство на Русија во Сирија ќе биде привремено. Со овој потег, Русија ги предвидела сите потенцијални реакции од Турција. Би можело да се каже дека дури и се обидува да ја предизвика Анкара на воена акција, бидејќи не се очекува САД, ЕУ или НАТО да покажат било каква сериозна реакција.

Русија, многу веројатно, ќе остане во Сирија засекогаш. Покрај тоа, политичкиот и воениот систем кој ќе се создаде во Сирија сигурно ќе биде во склад на интересите на Москва.

Откако соборувањето на својот воен авион го претворила во стратешка победа, Русија ефикасно го елиминирала присуството на турските авиони во сирискиот воздушен простор. Затоа единствено што може Турција да направи во Сирија е да гранатира позиции на курдската милиција. Како и да е, дури и оваа акција носи ризик дека Русија може да го прогласи тоа гранатирање, кое има ограничен ефект, како “агресивна акција” против “легитимни” групи во Сирија.

Навистина, режимот на Башар ал Асад ги третира силите на курдските “Партија за демократско единство” и “Единица за народна заштита” како легитимни групи, и овој официјален став е наведен во евиденцијата на Советот за безбедност во Обединетите нации. И Русија официјално ги смета овие две вооружени формации како “патриотски опозициски сили” во Сирија.

Критичното прашање е: Дали руските воени сили – кои во Сирија се нашле на основа на билатерални договори помеѓу Кремљ и Дамаск – ке избере да изврши одмазда против турската артилерија поради гранатирањето на курдските сили? Кои би биле последиците од таквата интервенција? Додека турската војска не може да влезе во Сирија поради одговор на напад, веројатно е дека Турција би била поразена во била каква воена акција надвор или внатре во границите.

Непосредно пред прекинот на огнот кој стапува на сила на 27. февруари, се очекува трупите на терен да делуваат брзо за да го прошират подрачјето кое го контролираат. Во тој случај, дали политиката на ноќното праќање на борци на сириските групи кои Асад и Русија ги означуваат како терористички им служи на интересите на Турција? Зарем не очигледно дека оваа пракса всушност на Русија ѝ дели карти за игра?

Заедничката граница помеѓу Турција и Сирија во голема мера ја контролираат силите на курдската Партија за демократско единство, а сите знаат дека тоа е можно само благодарение на Русија. Со други зборови, Турција дојде до ситуација да ги дели речиси сите 910 километри од границата со Русија.

Покрај тоа, руската опсада на Турција не е ограничена само на сириската граница. Всушност, Русија историски продолжува да делува како православен заштитник. Во тој контекст, Ерменија, кипарските Грци и Грција се руски природни сојузници. Руските ракети S-300 и S-400 кои се инсталирани во овие земји, како и во Иран, ја окружуваат Турција од сите страни. Покрај тоа, Русија го зголемила бројот на авиони распоредени во Ерменија и објавила дека во март ќе почне да патролира на тоа подрачје. Од 29 трафостаници на ерменските гранични сили – каде служат и 1.500 руски офицери – 14 се многу блиску до турската граница.
Руската опсада на Турција од Црно море е исто така силна. Со праќањето на 40 нови воени авиони и хеликоптери на аеродромот во Кубан, Москва сериозно ги загрозила извидничките можности на турските авиони во подрачјето на Црното море.

Како што може јасно да се види, сирискиот проблем во кој Турција ја вовлече режимот на Ердоган, изгледа дека Турција го губи на сите фронтови. Начинот да се осуети руската опсада и да се извлече од сирискиот проблем, е повлекување од очигледните грешки кои Анкара ги направила во оваа криза”.