Имигранти обвинети за напад на малолетни девојчиња во Хамбург

Дваесетина напаѓачи со имигрантско потекло вербално и сексуално нападнале вчеравечер три девојчиња на возраст од 15,16 и 17 години во Хамбург, пренесува весникот „Билд“.

Нападот се случил во трговски центар во центарот на Хамбург, а при нападот напаѓачите сликале со телефони а фотографиите ги објавувале на социјалните мрежи, јави дописникот на МИА од Берлин.

Двајца уапсени напаѓачи кои што се од Авганистан се обиделе да контактираат со девојчињата тогаш тие седнале до нив во кафе бар и поначе да ги допираат по што две од девојчињата најпрвин избегале, а потоа се вратиле по третото девојче кое што не можело да избега од групата напаѓачи. Вкупно во нападот учествувале дваесетина луѓе а за уште двајца други уапсени напаѓачи не се открива идентитетот ниту потеклото. Двајца од напаѓачите кои имале престој во Германија при апсењето пружале отпор на полициските службеници.

Полицијата на напаѓачите им ги одзела телефоните на кои според „Билд“ бил снимен нападот. Политичките партии го осудија нападот, а полицијата распореди дополнителни службеници во неколку делови од Хамбург.

Според новите решенија во законот за азил, сите азиланти осудени за прекршување на јавниот ред и мир ќе бидат враќани во земјите на потекло без разлика опасностите со кои ќе се соолуваат таму.