Во сабота ќе започне изградбата на крстот во Бутел

Објавено: четврток, 25 февруари 2016 во 14:28
Spread the love

Во сабота на влезот на Општината, близу новоизградениот кружен тек ќе започне поставувањето и осветувањето на камен-темелникот за изградба на навиот православен крст во општина Бутел.

Како што претходно објави Скопје Инфо крстот во општината Бутел ќе биде висок 51 метар, а широк четири метри и ќе биде поставен на постамент висок 5 метри. Трошоците за неговата изградба ќе ги намири Светскиот македонски конгрес.

Со чинот на поставување и осветување на камен – темелник за изградба на новиот православен крст ќе чиноначалствува Неговото Блажество, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Како што информираат од општината во 10 часот ќе има собир пред новата црква во општината Бутел, Св. Јован Крстител од каде што преку семакедонска поворка ќе се пристигне до местото на поставување на камен – темелникот на крстот.