Исламската држава ги казнува жените на нов начин: Им кинат живо месо – парче по парче

Жителите на Мосул го нарекуваат “грицкалка” – тоа е метален инструмент кој џихадистите неодамна го вовеле за да ги казнат жените кои, според нивното мислење, не се покриле доволно во јавност.

Таа справа буквално корне парче кожа од жртвата, сведочат луѓето од Мосул.

22-годишната Фатима, по неколку неуспешни обиди конечно побегнала од пеколот на “калифатот”, најмногу поради тоа што нејзините деца гладувале, но и поради сè поголемата бруталност кон жените.

“Грицкалката ни стана посебен кошмар. Мојата сестра беше казнета минатиот месец само затоа што дома ги заборавила ракавиците”, раскажала таа. Раката сега ѝ е полна со модринки и лузни, сведочи Фатима и додава дека сестра ѝ и кажала дека казнувањето со направата е поболно од породилните маки.

Други сведоци велат дека “грицкалката” е нешто како замка за животни или метална вилица со заби, која може да откине парче месо.

ИСИС од почетокот била страшно насилна и крволочна, но сега останува без пари и снабдување па станува сè побрутална. Животните услови на територијата која ја држат под контрола станале ужасни – нема храна, гориво, вода, струја. Жителите на Мосул тврдат дека волонтери од Саудиска Арабија и Либија, кои се приклучиле кон ИСИС, за секоја ситница драконски ги казнуваат луѓето, пренесува Independent.

“Јас можев да издржам и лош третман и недостиг на храна, но кога моето 11-месечно бебе почна да гладува, не можев повеќе да останам”, објаснува Фатима.

Иако платите на џихадистите и службениците се преполовени, тие сè уште не чувствуваат загрозено како останатите жители. Факт е дека ИСИС сè уште има голем број фанатични следбеници и дека во нивната војска нема масовно дезертирање и покрај проблемите и бомбардирањето.