ВИДЕО: Курдите уништуваат бомбаш самоубиец!

Пред неколку дена Курдите во Сирија спектакуларно го осуетија несудениот бомбаш самоубиец од редовите на ИД, пренесува “Дејли Мејл“.

Тој планирал со автомобил полн со експлозив да се разнесе меѓу курдските сили, но тие го спречија така што лансираа проектил кој го разнесе автомобилот. Од него остана само огнен пламен во сред пустина.

kurdii

Се верува дека видеото е снимено во Ал-Шададиј во провинцијата Хасакех.

Оваа област беше под ИД, но неодамна ја освоија курдските сили со подржка на воздушни напади. Сиријската опсерваторија за човекови права соопшти дека исламистите се повлекле кон југот.