ФОТО: Oваа банда злоставувала 1.400 деца: Брутално ги мачеле, силувале и ги продавале како бело робје

Пет лица биле прогласени за виновни за брутално сексуално злоставување на тинејџерки во Ротерам, како и за нивно продавање.

Тројца мажи и две жени биле осудени на Кралскиот суд во Шефилд, а за време на 2-месечното судење, судот сослушувал тинејџерки во Јужен Јоркшир кои потврдиле дека биле силувани, тепани и натерани на проституција.

Браќата Аршид и Башарат Хусеин се прогласени за виновни за неколку силувања и напади на тинејџерки, а нивниот трет брат Банарас Хусеин признал 10 обвиненија за сексуално злоставување на почетокот на судењето, вклучувајќи силување и напад со предизвикување на тешки телесни повреди.

banda2

Аршид, Башарат и Банарас, биле познати по насилства и трговија со дрога во Ротерам. За Аршид се верува дека е лидер на бандата.

Карен Мекгрегор и Шели Дејвис исто така биле прогласени за виновни за продавање на проституки и за затворање на лица против нивна волја.

Покрај пресудата, прочитани биле и некои искази на жртвите кои биле силувани од страна на бандата.

На почетокот на судењето, судијата Мишел Колборн изјавил пред поротата дека девојките биле избрани со цел.

banda3

Во текот на процесот тој опишал дека девојките биле жртви на трговија со луѓе, физички напади и смртни закани.

Инаку, овој скандал избил пред 18 месеци, кога професорот Алексис Џеј открил страшни детали за злосторствата во својот извештај.

Тој открил ужасни исповеди во кои “децата биле поливани со бензин, добивале закани дека ќе бидат запалени, им се заканувале со оружје, ги терале да присуствуваат на ужасни силувања под закана дека ќе бидат следни…”

Тој објавил дека најмалку 1.400 деца кои биле жртви на силување или трговија биле доведени во Ротерам во минатите 16 години.

Во извештајот исто така било наведено до која мера полицијата и службениците не сакале да делуваат на овој случај, и се запрашал дали занемарувањето има врска со тоа што извршителите се во главно мажи од пакистанско потекло.