Доколку го чувате вашиот телефон во џеб можете да останете без деца

Тестовите покажаа дека бројот на сперматозоидите е драстично намален кај мажите кои секојдневно по еден час го држеле телефонот  во џебот од панталоните и така драстично ја намалиле можноста еден ден да имаат деца.

Истражувачите следеле 106 мажи за време на една година и откриле дека тие кои биле зависни од мобилните телефони и ги користеле  четири пати повеќе од другите имале намален број на сперматозоиди.

Професорката Марта Димфлед од Техион универзитетот во Хаифа тврдат дека електромагнетните бранови  буквално ги свариле сперматозоидите.

Држењето на телефоните блиску до препоните, нивното користење додека се поврзани со полначите, па дури и држење на маса покрај креветот, може значително да го намали бројот на сперматозоидите кај мажите.

-Ова е предупредување за сите мажи кои планираат да имаат деца. Од друга страна жените телефоните најчесто ги носат во нивните чанти и токму поради тоа не мора да се грижат за нивната плодност- додава Димфелд.