ВИДЕО: Мигранти се степале поради девојка која не сакала да носи марама

Околу 100 мигранти направија хаос во еден бегалски камп по конфликтот меѓу сиријските и ирачките мигранти со Авганистанците поради девојка која не носела марама.

Млада Сиријка станала мета на Авганистанците откако неколку дена одбивала да носи марама, што е традиција во муслиманските земји. Кога Сиријците застанале во нејзина одбрана, избила тепачка во која мигрантите напаѓале со канти за ѓубре, столици и метли.

Портпаролот на Црвениот објаснил што се случило:

“Два или три мигранти малтретираа девојка од Сирија неколку дена затоа што таа несакаше да ја покрие главата. Можете тоа да го наречете чудно, но и неколку други девојки не носат марами. Не ни е јасно зошто баш овие девојки им се на мета“, изјавил тој.