Путин и Обама ги осудиле терористите на смрт

Пратеникот на сирискиот парламент кој бил во преговарачкиот тим во Женева на почетокот на месецот, Омар Осос, изјавил дека привременото примирје нема да стави крај на ударите на ИСИС и други терористички групи.

Дека крајот на сирискиот пекол се гледа, сведочи и најновата изјава на сирискиот претседател Башар Ал Асад, дела парламентарните избори во оваа земја ќе се одржат во 13. април. Денес исто така САД и Русија објавиле договор за прекин на непријателствата во Сирија, кој ќе биде на сила од сабота и кој не ја вклучува Исламската држава и Нусра фронот.

Договорот стапува на сила во петок на полноќ по сириско време. Истовремено, пратеникот во сирискиот парламент, кој бил во преговарачкиот тим во Женева, Омар Осо, изјавил дека привременото примирје нема да стави крај на ударите на ИСИС и “другите терористички групи”.

Со оглед на тоа дека деталите од примирјето не се познати, бидејќи, според зборовите на Џон Кери, за постигнување на конечниот договор потребни се неколку дена, додека двете страни се консултираат со другите земји и со сириската опозиција, аналитичарите во своите први коментари проценуваат дека примирјето е многу несигурно, и дека нема долго да трае.

Аналитичарите Фејсал Итани и Хосам Абузар од Атлантскиот совет сметаат дека Асад и Путин веројатно ќе го искористи прекинот на огнот за да ја уништи опозицијата:

“Договорот за прекин на огнот е дипломатски успех, но деталите од договор не ветуваат. Рускиот претседател Владимир Путин и сирискиот претседател Башар Ал Асад имаат малку причини да не се придржуваат на условите на примирјето, со оглед на воената нерамнотежа на теренот и немаат причина доброволно да ги загрозат своите неодамнешни победи, или да го забават својот напредок.

Во меѓувреме, режимот и неговите следбеници ќе продолжат да ги напаѓаат опозициските групи во северната сириска провинција Алепо, со цел да ги окружат во истоимениот град и да ја прекинат линијата на снабдување. Главниот пат на снабдување на Алепо од Турција веќе е прекинат, и режимот може ефикасно да продолжи да ги обиколува подрачјата под контрола на бунтовниците. Ниеден од меѓународните противници на режимот нема моќ да го натера да работи различно.

Сирискиот режим и неговите следбеници можат да ја прилагодат својата тактика, а непријателствата речиси сигурно нема да престанат. Пред сè, тука има критична точка во договорот која на Асад му дава слободен премин за продолжување на војната: Имено, прекинот на огнот нема да се применува на борците на ИСИС и Нусра фронтот. Бунтовничкиот пејзаж во северна Сирија е неизмерно сложен, додека единиците на Нусра фронтот често вршат координација и дисперзија меѓу официјални опозициски групи, вклучувајќи и такви кои ги поддржува САД.

Асад и Путин би можеле да нападнат било која опозициска група, тврдејќи дека таа група се бори рамо до рамо со Нусра фронт. Русија веќе неколку пати ги бомбардирала опозициските групи кои ги поддржуваат САД, тврдејќи дека се терористи. САД протестирале, но не направиле ништо, што ѝ овозможува на Русија да остане на таа линија. Дури и доколку режимот тргне сам на Нусра фронтот, тоа било меѓународно одобрена војна против моќен противник, додека останатите бунтовнички групи би биле обиколени и сопрени во борбата против режимот. Под овие околности, тоа би претставувало загуба за опозицијата.

“Клаузулата Нусра фронт” исто така ќе им овозможи на режимот и на Русија да продолжат со нападите на Алепо. Во покраината Идлиб има големо присуство на Нусра фронтот, покрај моќната бунтовничка група Ахрар Ал-Шам. Руските медиуми како оправдување за нападите, ја опишале Ахрар Ал-Шам како “поврзана” со Нусра фронтот. Режимот и неговите следбеници би можеле дополнително да го искористат прекинот на непријателствата за да ги напаѓаат бунтовничките групи во Идлиб. Тоа би го пресекло и последниот граничен премин со Турција кој го имаат бунтовниците, ставајќи ја цела опозиција на северот. Исто така, малку е веројатно дека Асад ќе ја ограничи оваа стратегија на север. Во последните неколку седмици, само во областа на Дамаск 42 места се под опсада, а исто како и на север, Нусра фронтот има значајно присуство и на југот на Сирија. Режимот исто така веројатно ќе го користи Нусра фронот како причина за напад на сите бунтовнички групи.

Режимот и неговите руски и ирански пријатели се на пат да го задушат бунтот на север и југ. Затоа тие немаат причина со мировниот договор да ги загрозат своите неодамнешни добивки или да ги забават својот напредок, дури и ако прифатат декорација на сопирање на непријателствата”, заклучуваат Итани и Абузар.

Аналитичарот од институтот “Брукингс”, Мајкл О’Ханлон смета дека Вашингтон ќе мора да ја промени својата стратегија во Сирија и да се бори за конфедерално уредување, со послаба централна власт, со присуство на моќни мировни трупи кои ќе наметнат мир.

“Како прво, САД мораат да дадат многу поголема воена поддршка и воена помош за умерените опозициски групи, што би значело 500 до 1.000 инструктори на терен, а не 50 како досега. Второ, Сирија мора да биде уредена според конфедералниот модел, каде Асад ќе може привремено да остане на власт додека во останатите делови би се создале посебни територијални самоуправи. Како трето, САД, НАТО и Арапската лига веќе следната година во Сирија треба да пратат моќни мировни сили од 50-100.000 војници, кои ќе наметнат конфедерално решение. Тие треба да бидат распоредени во Алепо, Хомс или Хами, додека Русите ќе можат да останат во алвитско-христијанскиот дел на Сирија”.

Било каков прекин на огнот ќе биде краток, и Америка треба да има сериозна политика за Сирија. За Обама е доцна да го реши проблемот, но не е доцна да започне процес, смета О’Ханлон.