Американците во паника – ги купува Кина

Кинески компании купуваат странски компании, вклучувајќи и американски и тоа во рекорден број, а тоа ги излудува законодавците.

„General Electrik“ неодамна го продаде својот бизнис со апарати за домаќинство на кинески „Haier“ за 5,4 милијарди долари, кинески „Zoomlion“ ја купи компанијата која произведува опрема за кревање на тешки предмети „Terec Corporation“, потоа конгломерат „Dalian Vanda“ купи холивудско филмско студио „Legendary“ за 3,5 милијарди, а „HemChina“ ја швајцарска „Syngenta“ и за тоа плати неверојатни 48 милијарди долари. Дополнително, конгломератот „HNA Group“ неодамна најава преземање на технолошката компанија за дистрибуција „Ingram Micro“ за шест милијарди долари.

Сепак, најпроблематична аквизиција досега претставува компанијата „Chongqing Casin Enterprise Group“, која сака да ја купи берзата во Чикаго. МИнатата недела 45 членови на американскиот конгрес потпишаа писмо со петиција до одборот за странски инвестиции, чие одобрување е неопходно за склучување на договорот, барајќи во писмото „детална и ригорозна“ истрага за аквизицијата на берзата во Чикаго.  Законодавците бараат да се стопира аквизицијата, доколку истрагата покаже дека купувачите се поврзани со кинеската влада или воени тела.

Според податоците на консултантската куќа Dealogic, бројот на спојувања и аквизиции оваа година се искачил на 102 трансакции со вкупна вредност од 81,6 милијарди долари, а овој тренд ќе продолжи и во иднина, што поради забавувањето на Кина, како и поради цените надвор од Кина.

Истражувата покажале дека економскиот раст во САД е главна причина што ги прави привлечни за инвестирање. Половината од кинеските клиенти на една адвокатска куќа од САД истакнале дека токму САД им се најинтересен инвестициски пазар, но американските закони и регулативи се сериозна препрека за нив.