Шефот на Европол предупредува на можни напади на Исламска држава во Европа

Можно е Исламска држава да организира големи терористички напади во Европа, предупреди директорот на Европол, Роб Вејнрајт.

– Очекуваме  Исламска држава или некоја друга верска терористичка група да изврши напад некаде во Европа, а како цели да се најдат големи групи цивили, рече Вејнрајт за швајцарскиот весник „Ноје цирхер цајтунг“.

Европа во моментов се соочува го најголемата терористичка закана во последните 10 години, истакна Вејнрајт, додавајќи дека нападите, освен терористичките групи, би можеле да ги изведат и терористи поединци, пренесе Танјуг.