Поучна приказна: „Жал ми е, тука не продаваме родители“

Млад брачен пар влегол во најскапата и најубава продавница за играчки.

Мажот и жената долго ги разгледувале шарените играчки наредени на полиците, закачени на таванот, наредени во купови.

Имало кукли кои се смеат и кои плачат, детска облека, минијатурни кујни во кои се подготвуваат вистински пици и торти… Но, не можеле да се одлучат.

Кога младата продавачка им пришла, ѝ објасниле што бараат:

„Видете, имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а често и навечер, па не знаеме како да ја израдуваме.“

„Се работи за девојче кое ретко се смее,“ продолжил да објаснува таткото.

„Би сакале да и купиме нешто што ќе ја усреќи и тогаш кога не нема. Нешто што ќе ја радува кога ќе биде сама.“

„Жал ми е,“ љубезно се насмевнала продавачаката. „Тука не продаваме родители.“