Фото: Имала 108 килограми, била осамена и малтретирана, а денес е прекрасна

Тања Рибакова (25) од Санкт Петербург имала 108 килограми и немала пријатели, но нејзиниот животен пресврт сега стана интернет сензација.

Оваа девојка успеала да симне дури 55 килограми, а на својот блог објаснила дека морала да оди на операција за отстранување на вишокот кожа која останала после драстичното губење на килограмите. Интересно е тоа што луѓето, кои ја малтретирале, први ја повикале за да и кажат дека е преубава.

devojka1

Таа успеала да ја исполни оваа цел за три и пол години, а пропратно добила и 170.000 следбеници на нејзиниот профил на Инстаграм, каде што објавува фотографии од своето „ново“ тело.

devojka2

„Децата беа злобни, така што не успеав рано да е социјализирам, немав пријатели и го трошев времето исклучиво на читање. Доаѓав облеана во солзи од училиште и не сакав да се вратам таму. Кога сте дебели, тоа ви го одзема најголемиот дел од самодовербата. Сега, не можам да си поверувам дека животот толку драстично ми се промени“, вели Рибакова, пишува Daily Mail.

devojka3

Таа истакнала дека се обидувала со диети, но дека ништо не се променувало.

devojka4

„Не одеше, испробав многу диети. Кога бев на факултет имав многу здравствени проблеми, затоа почнав да ја истражувам здравата храна, отидов кај нутриционисти и почнав да се интересирам за фитнес и тренинзи“, нагласила оваа убава девојка која сега претставува инспирација за многумина кои имаат проблем сличен на нејзиниот.

devojka5

devojka7

devojka8

devojka10