ВИДЕО: Џихадистите на Исламска држава сега можат да направат нуклеарна бомба

Украден е „високо опасен радиоактивен извор на Ир-192 со висока радиактивност“, се вели во документот во кој Ројтерс имал увид. Документот со датум од 30 ноември бил адресиран до Центарот за превенција на радијација на ирачкото министерство за животна средина, а неколку официјални извори ја потврдиле неговата автентичност.

Радиоактивниот материјал бил сопственост на турската компанија СГС од Истанбул, а бил чуван во кунтејнер со големина на лаптоп во просториите на американската нафтна компанија Ветфорд во областа Рафидија во провинцијата Басра.

Неименуван високорангиран државен извор за агенцијата изјавил дека украдениот материјал содржел до 10 грама иридиум 192 (Ир-192) во капсули. Тој бил користен за индустриската гама радиографија, процес за тестирање на грешки кај материјали кои користат гама зраци.

Според Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) украдениот материјал е класифициран како Категорија 2 што значи дека може да предизвика трајна штета на луѓето доколку е блиску до нив во траење од минути или часови, па дури и смрт доколку контактот трае повеќе часови или денови.

Повредите зависат од староста и силата на материјалот. Агенцијата веднаш им понудила помош на ирачките власти, но тие сѐ уште не побарале соработка, се вели во соопштението на ИАЕА.

„Стравуваме дека радиактивниот елемент ќе падне во рацете на Даеш (ИСИС)“, изјавил ирачки државен функционер за Ројтерс. „Тие можат едноставно да го спојат со експлозив и да направат валкана бомба“.

Валкана бомба не може да предизвика нуклеарна експлозија но може да загади одредена област со радијација.