Снимен напад на маж во неговата канцеларија – го давеле за Ролекс!

Полицијата трага по двајцата крадци и напаѓачи кои јасно се гледаат на снимката. Тие влегуваат во канцеларијата на 46 годишен човек во Лондон, а едниот од нив го дави се додека човекот не изгуби свест, за потоа да му го земат часовникот вреден 15 000 фунти!

Нападот се случил на 10 февруари во југоисточен Лондон.

Полицаецот Ендрју Пејн објаснува дека полицијата ја објавува снимката за да побара помош од граѓаните да се идентификуваат крадците.

FERRARI PRESS AGENCY - 18/02/16 - Image of a man who was robbed of his £15,000 Rolex by these two men pictured. Officers are now appealing to the public to help them find the men after the robbery in London - SEE FERRARI COPY

Нападнатиот за среќа нема последици. Тој за кусо време се освестил.

Полицијата се сомнева дека напаѓачите го познавале добро човекот и го нападнале точно поради ролексот, за кој знаеле дека го поседува.