Дали добивте известување за проверка на приватноста на вашиот Фејсбук профил? Не ја игнорирајте

Дали веќе добивте известување за проверка на приватноста на вашиот Фејсбук профил? Ако до сега не сте добиле, сигурно ќе стигне. Станува збор за проверка во неколку чекори за социјалната мрежа да не потсети кои се податоци ги делиме со другите, а можеби не сме свесни за тоа.

Ваквиот вид проверка е активен од 2014 година, но новина е тоа што сега се проверува и на нашите смртфон телефони кои имаат Фејсбук апликација. Многу е едноставно. Следете го малиот син диносаурус кој не води низ целиот процес на ѕидот на Фејсбук профилот. Избираме кои сакаме да бидат приватни и недостапни за сите, кои се јавни, кои апликации ги користите и кои сакате и другите да ги гледаат. Изводите неколку минути и проверете случајно да не делите нешто што не сакате.