ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Mигрант нападнал српски полицаец

Српски полицаец е повреден при напад од страна ирачки имигрант, кого се обидел да го спречи да изврши кражба во центарот на Белград, објави белградскиот весник „Блиц“. 

Полицаецот минувал покрај продавницата во која имигрантот заканувајќи му се на продавачот се со остар предмет, украл мобилен телефон.

Полицаецот го пресретнал мигрантот, кој му пружил отпор и го нападнал, при што двајцата паднале врз стакленен излог.

При тоа и двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени со брза помош во Центарот за итни случаи во Белград. Ирачкиот имигрант е уапсен.