ФОТО: Глумела дека има рак за да заработи пари

Медицинска сестра од Ѓоргиј во Сад е уапсена поради сомнеж дека глумела дека има рак и со донации собрала 25.000 долари.

Мари Банет (29) тврдела дека во 2013 година и бил дијагностициран рак на јајниците, кој тогаш бил во 4 стадиум. Својата битка ја споделила со корисниците на друштвените мрежи каде напишала дека добила отказ поради болеста.

med sestra1

Таа ја објавила својата листа на желби кои би сакала да ги оствари пред смртта, а добрите луѓе, без сомнеж дека станува збор за лага, и платиле лет со балон, скок со падобран, патување во Њу Орлеанс, бесплатен голф, кино, а еден донатор и платил и патување во Хјустон и и дал џепарлак од 4000 долари.

– Сакам на сите да ви се заблагодарам. Неописливо сум благодарна на вашите донации. Да го преболиш ракот е многу тешко, за мене ова е втор пат како се среќавам со болеста на 27 години, напишала Бенет на својата страна.

Како се исполнувале нејзините желби, Бенет чудесно оздравувала, луѓето почнале да се сомневаат. Но на лагите и дошле крајот.

Бенет е осомничена за лага и лажни медицински документи со кои се обидела да ја потврди својата болест.