Температурата ќе се искачи до 23 степени

Според прогнозите на метеоролозите температурата денес ќе се искачи до 23 степени. Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната  од 17 до 23 степени.

Температурата ќе се искачи до 23 степени

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен до повремено засилен јужен ветер.

Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу пет степени.