ФОТО: Скопски Бит пазар со нов урбан изглед

Новиот модерен и урбан лик на скопски Бит пазар се очекува да се обезбеди подобри услови за граѓаните и пазарџиите.

Изградбата на новито пазар ќе почне во април годинава, а предвидено е да се постават 1 000 нови тезги и 230 паркинг места.

Старата инфраструктура ќе биде заменета и со нов деловен простор со површина од 600 квадратни метри и мини-плоштад со фонтана.

Од „Скопски пазар“ сметаат дека со ова идејно решение на граѓаните ќе им понудат модерен начин на пазарење, а на корисниците подобри и функционални услови за работа.

Print