Предвидувања на американските разузнавачи – Русија ќе се распадне а Европа ќе се подели на четири дела

Приватната тексашка разузнавачка компанија Strategic Forecasting (Стратфор) ја објави својата прогноза како во идните десет години ќе изгледаат светските политички и економски движења и веруваат дека ги идентификувале главните трендови. Од Стратфор сметаат дека светот во идната деценија ќе стане уште поопасен. САД помалку ќе влијаат на светските настани, а некои истакнати земји ќе поминуваат низ период на хаод и пропаст, пишува Индепендент.

Компанијата Стратфор има седиште во Оустин, основана е во 1996 година, а се истакнала со своите прогнози во текот на војната во Косово, кога нејзините аналитичари со преглед на податоците добиени од земјите од Балканот со висока точност го предвиделе текот на настаните во тој судир.

Во својот извештај за претстојната деценија истакнале 11 промени кои ќе се случат во светот.

1. Русија ќе пропадне
„Нема да има востание против Москва, но намалената способност на центрите на власт да пружат поддршка и да ја контролираат целата Руска Федерација, ќе ја остават земјата во вакуум‟ – предупредуваат аналитичарите на Стратфор. „Во тој вакуум ќе постојат само некои фрагменти од Руската Федерација‟ – додаваат тие.

Санкциите, падот на цената на нафтата, нестабилната рубља, зголемените воени трошоци и растот на внатрешната нескладност ќе ја ослабат централната власт. Русија нема официјално да се распадне на повеќе земји, но моќта на Москва ќе ослабе до таа мерка што ќе се основаат низа полуавтономни региони, кои можеби дури и нема меѓусебно да се согласуваат.

„Очекуваме моќта на Москва многу да ослабе, што ќе доведе до формална и неформална фрагментација на Русија‟ – се наведува во извештајот и се додава: „Малку е веројатно дека Руската Федерација ќе остане во сегашниот облик‟.

2. САД ќе мораат да испратат своја војска да ги обезбедува руските нуклеарни бомби

Руската нуклеарна инфраструктура се протега на огромен простор. Ако навистина се случи политичка дезинтеграција на земјата каква што предвидува Стратфор, тоа може да го направи ранлив цел нејзин нуклеарен арсенал. Руските резерви на нуклеарно оружје ќе бидат причина за „најголема криза во следната деценија‟ – наведува Стратфор.

Поради тоа САД ќе мораат нешто да смислат за да го решат тоа, дури и ако тоа значи праќање на своја копнена војска да го обезбедува руското оружје, нуклеарниот материјал и ракетите. „Вашингтон е единствен во состојба да го реши проблемот, но нема да може да ја преземе контролата над огромниот број на воени локации и да гарантира дека ниту еден проектил притоа нема да биде испален. САД ќе мораат или да измислат некое воено решение, кое донесува опасност од ненамерно лансирање, или да се обидат да создадат стабилни и економски одржливи влади во регионите во кои се наоѓа нуклеарна инфраструктура и да ги вклучи во нивно неутрализирање‟.

3. Германија ќе падне во проблеми

Германското стопанство се темели на извоз и поради тоа има корист од либерализација на пазарот во Европа, овозможена преку ЕУ и еврото, но тоа од друга страна значи дека таа земја може најмногу да изгуби ако кризата во Европа се влоши. Во тој случај во Германија ќе дојде до бран на евроскептицизам, наведе Стратфор.

Домашната потрошувачка нема да може да го надомести падот во германскиот извоз, а се предвидува и пад на бројот на жителите. Резултат ќе биде стагнација слична на таа која се случи во Јапонија. Во извештајот се предвидува дека Германија во идната деценија ќе претрпе тешки економски пресврти.

4. Полска ќе стане еден од европските лидери

И додека Германија ќе биде во пад, во центар на стопанскиот раст и поголемо политичко влијание ќе се најде Полска. Бројот на жителите во таа земја нема да се намалува толку како во другите големи европски стопанства. Фактот дека се работи за најголема и најбогата европска држава на западната руска граница, ќе биде причина за нејзино преземање на позицијата на регионален лидер, што ќе мора да станат за да остварат поголем политички и стопански престиж.

Во сето тоа ќе и помогне и долгорочното стратешко партнерство со САД, истакнуваат аналитичарите на Стратфор.

5. Ќе постојат четири Европи

Не толку одамна, европското единство се чинеше стабилно, а политичките и економските пречки меѓу земјите избришани. Но во идните десет години тоа може да стане далечно минато. Според прогнозите на Стратфор, Европа ќе се подели на четири дела, меѓусебно се повеќе оттуѓени: Западна Европа, Источна Европа, Скандинавија и британските острови. Тие и понатаму ќе мора да го делат истото соседство, но нема да бидат толку тесно поврзани.

„Европската унија може да опстане, но стопанските, политичките и воените односи ќе бидат регулирани примарно со билатерални или ограничени мултилатерални односи, кои нема да бидат обврзувачки‟ – се истакнува во извештајот. „Некои држави ќе останат членки на високо модифицираната Европска унија, но тоа нема да ја дефинира Европа‟.

6. Турција и САД мора да имаат блиска соработка

Хаосот во арапските земји ќе потрае подолго време, од што најмногу ќе профитира Турција, силна, релативно стабилна земја чии граници се протегнуваат од Црното море до Сирија и Ирак. Можеби нема да биде претерано волна да интервенира во судирите на своите граници, но тоа на крај ќе биде неизбежно. Како што ќе расте силата на Анкара, така Турција ќе стане близок партнер на Америка.

Но, притоа ќе сака и нешто за возврат: помош во одбраната против агресивниот сосед од другата страна на Црното море, кој има воени бази во Ерменија – Русија. „Турција ќе побара американска вклученост од политички и воени причини‟ – се наведува во извештајот. „САД ќе се обврзаат на тоа, но тоа и ќе го наплатат: ќе побараат помош од Турција во спречување на Русија‟.

7. Кина ќе се соочи со голем проблем

Идната деценија во Кина може да биде одбележена со зголемено незадоволство кон Комунистичката партија поради успорувањето на стопанскиот раст. Но, КП нема да се либерализира, што значи дека единствена можност да ја задржи контролата ќе биде засилена внатрешна репресија.

Пекинг ќе доживее втор, а можеби дури и поголем проблем: кинескиот раст не е рамномерно географски распореден. Крајбрежните градови се по успешни, но внатрешноста е сиромашна. Со понатамошната урбанизација тој проблем само ќе се влошува, што може да предизвика и опасни поделби и политички хаос.

8. Јапонија ќе биде водечка азиска поморска сила

Јапонија има стогодишна поморска традиција, која е поврзана и со нејзината геополитичка положба. Но, со растечките поморски агресии на Кина, која ја зајакнува својата морнарица во обид да ги контролира трговските рути на Источното и Јужното кинеско море и кон Индискиот океан, на Јапонија нема да и преостане ништо друго туку и сама да ја истакне својата поморска сила и да ги заштити тие правци.

„Јапонија моментално зависи од поддршката од САД‟ – се истакнува во прогнозата. „Но, со оглед дека се очекува повнимателен ангажман на САД во иднина, како и дека САД не зависи од увоз, Јапонија ќе мора сама да се погрижи за тоа‟.

9. Околу островите во Јужното кинеско море нема да избие судир, но постојат тензии

Регионалните сили ќе одлучат дека околу островите во Јужното кинеско море нема да се исплати да се почнува воен судир. „Борбата околу некои островчиња нема повеќе да биде примарен проблем во регионот‟ – се наведува во предвидувањето. „Наместо тоа, ќе се појават тројца стари играчи. Русија, чија моќ ќе биде во пад, ќе ја губи способноста да ги заштитува своите поморски интереси. Кина и Јапонија, наспроти тоа, ќе сакаат да ги зајакнат своите позиции, како и да го спречат другиот да се зацврсти на ова подрачје‟.

Источна Азија поради тоа повторно ќе стане полигон за докажување на сила на големите сили, дури и ако тоа не доведе до некој вооружен конфликт.

10. Ќе настанат 16 (економски) мини-Кина

Падот на кинеското стопанство ќе биде добра вест за неколку земји. Основните производни дејности ќе заминат од Кина и ќе се преселат во 16 стопанства во настанување, кои вкупно имаат 1,15 милијарди луѓе. Се работи за Мексико, Никарагва, Доминиканската Република, Перу, Етиопија, Уганда, Кенија, Танзанија, Бангладеш, Мјанмар, Шри Ланка, Лаос, Виетнам, Камбоџа, Филипини и Индонезија.

Во тие земји ќе може да се види големо подобрување на економската состојба во идните десет години, како последица на отварање на нови работни места.

11. Својата моќ САД многу малку ќе ја покажува и ќе ја користи

На нестабилноста во светот САД ќе реагира така што ќе се обидува попаметно да ги бира своите предизвици, нема да презема водечка улога при решавање на светските проблеми. Растечкото стопанство, зголеменото домашно производство на енергија, падот на извозот и безбедносните настани во најстабилниот дел на светот ќе и пружи на Америка луксуз да може да се изолира од светската криза.
„САД и понатаму ќе бидат главна стопанска, политичка и воена сила во светот, но во тој свет помалку ќе се ангажира отколку до сега‟ – се наведува во прогнозата. „Својата моќ САД многу помалку ќе ја покажува и користи‟.