ХОРОР: Киднапирање среде бел ден на Бит Пазар – Ја следел, ја избањал и ја силувал

Вчера во ПС-Гази Баба А.А.(46) од с.Црешево-велешко, пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот во Скопје, додека чекала автобус на Бит Пазар, и се доближило непознато лице и ја прашал каде ќе оди, по што таа одговорила дека не се чувствува добро и ќе оди во населба Драчево, а истиот се качил со неа во автобус.

Откако двајцата слегле во с.Трубарево каде што живеело  лицето ја натерал да се избања, а потоа  физички ја нападнал барајќи од неа  да прави се што ќе и кажел, а потоа и го зел мобилниот телефон  и со сила ја однел до автобуската станица во с.Трубарево, по што А.А. го пријавила настанот.

По кратко време бил приведен  Ш.М. (32) и се работи на целосно расчистување на случајот.