Уапсена манекенка поради киднапирање: Ја мачела својата колешка бидејќи го открила нејзиниот изглед пред операцијата

Според првите извештаи, Реј и нејзината сестра Клаудија, ја натерале Каролина Муњоз да влезе во автомобилот, ја исекле нејзината коса и облека, и ја мачеле со електрошокови. Наводно, ова било одмазда, откако Муњоз објавила не многу позитивни фотографии од сестрите на социјалните мрежи. Фотографиите наводно ги прикажувале сестрите пред да ги направат корекциите.

“Ми рекоа дека ќе ме убијат”, рекла Муњоз за нападот.


“Ми кажаа и дека познаваат многу влијателни луѓе и дека нема да одат во затвор, дека јас сум таа која ќе изгуби и дека следниот пат ќе ми фрлат киселина во лице и ќе го уништат мојот живот”, додала таа.


Таа рекла и дека сестрите ја ограбиле и објавиле нејзини голи фотографии на интернет по нападот. Потоа ја фрлиле на улица. Сестрите биле уапсени и ослободени откако направиле сообраќајка.


Јеими, која можете да ја видите на приложените фотографии, подоцна била уапсена на аеродром додека се обидувала да влезе на авион за Мајами, додека полицијата трага по нејзината сестра.