ВИДЕО: Саудиските авиони слетаа во Турција – Се поизвесна е голема војна

Според последните информации, Саудиска Арабија веќе ги транспортира своите војници и авиони во турската воена база Инџирлик која што се наоѓа во близина на Сирија и моментално ја користат американските воени сили во борбата против Исламската држава. Оваа информација, денес ја потврдија и од турското министерство за надворешни работи.
Турците уште еднаш порачаа дека во партнерство со Саудиска Арабија, ако биде потребно ќе ја нападнат Сирија.

Се огласи и саудискиот министер за надворешни работи, Адел Ал-Џубеир кој во разговор за „СиЕнЕн“ изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад мора да се сруши од власт со сила доколку пропадне политичкиот процес, а тоа не е ништо друго освен агресија врз сириската држава.
„Верувам дека Башар Ал Асад е многу слаб и верувам дека е готов“, изјави Џубеир во разговор со водителката на „СиЕнЕн“, Кристијане Аманпур.

„Башар Ал Асад ќе си оди – немајте никакви сомнежи во тоа. Ќе си замине со политички процес или ќе биде срушен со сила. Ние ќе се трудиме максимално политичкиот процес да биде доволен, но, ако тоа не резултира со негово заминување, тогаш станува јасно дека Асад ќе мора да замине со сила“.