Погледнете како во Русија го јакнат имунитетот на децата? (ВИДЕО)

Нови снимки од Русија повторно ја шокираат јавноста – деца облечени само во долна облека истрчуваат на снегот и се поливаат со ледена вода. Приказната станува уште пострашна кога ќе дознаете дека станува збор за Сибир, а децата се во градинка и имаат од 3 до 6 години. Во прашање е „секојдневен ритуал“ кои како што тврдат руските лекари, ќе ги зацврснат и поволно ќе влијаат на нивното здравје.

Децата се под постојана лекарска контрола, а за ваквото туширање е неопходно и одобрение од родителите.

Колку и да ни изгледа страшно, децата на снимката се воодушевени и уживаат поливањето, наспроти големиот студ.

Пред да истрчаат на снег, децата прво ги „загреваат“ во сауна.

Снимката е направена во текот на неделата кога „не било многу ладно“– температурите се движеле од минус 18 до минус 6!

Ниту едно дете не е присилено да се полива на снегот, но сепак има деца кои иако не одат во градинка, доаѓаат од дома за да им се придружат. И во другите сибирски градинки  почнуваат да го применуваат истиот систем на челичење на децата, а директорката на една од нив вели дека претходно епидемиите на грип биле многу почести кај децата, додека сега, откако се применува овој метод, воопшто нема грипозни деца.