ВИДЕО: Скокнаа во ладната вода да спасат мајка и дете од сигурна смрт

Автомобил во кој се наоѓале мајка и дете паднал во канал во Холандија.

Водата била ладна, а колата тонела се повеќе и повеќе. За среќа, се појавиле четворица храбри мажи кои без размислување скокнале во водата.

Како што пренесоа локалните медиуми, мажите не се познавале меѓусебно, но со заедничка акција ја спасиле фамилијата од давење.

Еден од нив, Рубен Абрахам, кој работи во близина во една продавница, кога видел што се случува, земал чекан и потрчал кон каналот.

На почетокот, не можел сам да го скрши стаклото на автомобилот, но кога му се придружиле и останатите, ги извлекле мајката и детето додека автомобилот исчезнал под вода.

Иако се плашеле дека нема да успеат, оваа спасувачка акција завршила успешно и мајката и нејзиното дете се чусвствуваат добро.