Руските бомбардери за една седмица уништиле 1.900 мети!

Руските воздухопловни сили за само една седмица уништиле речиси 1.900 терористички мети, а во провинцијата Алепо биле елиминирани двајца истакнати команданти на милитантните групи.

Руските воздушни сили во Сирија во последната седмица уништиле речиси 1.900 терористички локации, а овие податоци ги изнесе портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Конашенков истакна дека во периодот од 4-ти до 11-ти февруари руските борбени авиони уништиле најмалку 1888 терористички мети на просторот на сириските провинции Алепо, Латакија, Хама, Деир Ез Зор, Хомс, Хасака и Рака.

Покрај тоа, портпаролот на руското министерство за одбрана откри дека биле ликвидирани двајца доста влијателни генерали на милитантите во провинцијата Алепо на северот на Сирија. Конашенков откри дека еден од нив бил извесен Абу Магер познат и под називот Фарид Ал-Мисри.

Покрај фактот дека западните медиуми тврдат дека руските авиони ги бомбардираат исклучиво „умерените“ милитантни групи кои се борат против Башар Ал Асад, од Москва тврдат дека во последниов период се повеќе опозициски милитантни групи разменувале податоци и информации со руските сили и силите на сириската армија во борбата против екстремистите.