Какво време не` очекува викендов и следната недела?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови. Температурата ќе се движи од четири до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер.

Температурата ќе достигне до 13 степени.

До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер.

Повеќе врнежи ќе има утре во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст.