САД бомбардирале болници во Алепо за да ги обвинат Русите дека се виновни

Два воени авиони А-10 на Военото воздухопловство на САД извршиле воздушни напади во Алепо во Средата, уништувајќи девет објекти, известува Министерството за одбрана на Русија. Истиот ден, Пентагон ја обвини Москва за бомбардирање на две болници, иако во тој период Руските воени авиони не летале над градот.

„Вчера, во 13.55 по Московско време (10.55ГМТ), два Американски офанзивни А-10 бомбардери влегле во Сирискиот воздушен простор од Турција, влетале директно во градот Алепо и бомбардирале цели таму„ – изјавил портпаролот на Руското министерство за одбрана Генерал Мајор Игор Конашенков.

Исто така, во Средата, портпаролот на Пентагон полковникот Стивен Ворен тврдеше дека Руски воени авиони наводно бомбардирале две болници во Алепо.

„Според неговите зборови, околу 50.000 Сиријци се отсечени од виталните услуги“ рекол Конашенков, истакнувајќи дека Ворен заборавил да ги спомене координатите на наведените болници, или времето на воздушниот напад, или пак изворот на информациите. „Апсолутно ништо. Никаков доказ за потврдување на ваквото тврдење“.

„Ниту еден Руски воен авион не изведе воздушен напад во градот Алепо вчера. Најблиската мета која беше погодена беше на 20 километри од градот“, потенцира Конашенков, додавајќи дека сосема спротивно, авиони водени од коалицијата на САД биле активни над Алепо, „авиони и беспилотни летала“.

„Ќе бидам искрен со вас: немавме доволно време да потврдиме кои девет објекти се бомбардирани од авионите на САД вчера“ рекол Конашенков. „Ќе ја испитаме работата попрецизно“.