Трагедија: Почина 2-годишната Лана – Родителите немаат пари да ја закопаат

Многумина се приклучија во хуманитарната акција за помош на малата Лана од Хрватска. Родителите Дори и Ромео Патричевиќ се бореа со сите сили, но за жал ја загубија својата двегодишна ќеркичка во понеделникот.

Малото ангелче беше родено со расцеп на усните, со големи здравствени проблеми, срцева маана, како и недостаток на цевката која ја води храната во желудникот.

– Лекарите се чудеа што малото бебе преживеа и две години. Постојано беше по болници и на апарати, покажа напредок во развојот, но почина во понеделникот. Сите знаевме дека е многу болна и дека животот може да и згасне во секој момент, но таа храбро се бореше, вели нејзината прабаба.

На родителите кои се без работа им помагаа родителите и пријателите, за да издржат со бебенцето. Беше организирана и хуманитарна акција.

Во нивната куќа владеат тага, болка и тишина. Родителите немаат пари ни да ја закопаат малата.