ВИДЕО: Во тек е клучната битка во Сирија

Според телевизијата Манар, сириската артилерија го гаѓа регионот Кфар Наја, кој се наоѓа на три километри од Тел Рифат. Офанзивата е во тек и во соседните места, во близина на градот Ретјан.

Ако сириската војска успее да ја пробие одбраната на бунтовниците во Џебхат Ал Шами, кои активно ги поддржува Турција, пред нив ќе се отвори пат кон пограничното место Азаз, каде што се наоѓа една од главните бази на бунтовниците. Според извори од сириската војска, можноста за освојување на областа е пореална од кога било.

Во понеделникот владините сили го ослободија градот Кфин, пет километри од Тел Рифат. Сириската војска, поддржана од локалната самоодбрана, руските авиони и иранските специјалци, ги избркала милитантите на Ал нусра фронтот од овој град.

Ништо помалку значајни не се ни успесите на Курдите против исламистичките бунтовници, пренесува Спутник. Во пограничните места со Турција во последните денови ги ослободиле селата Деир Џамал, Мараназ, Зиара и Хрејби. Резултатот на овие успеси е значително проширување на територијата под нивна контрола источно од регионот Африн.