Турција тргнува во војна?

Неговата изјава доаѓа само неколку дена откако официјална Москва предупреди дека турските власти планираат инвазија во Сирија во моменти кога опозициските сили се пред пораз.

davutoglu

„Ние ќе го вратиме својот историски долг… Во еден момент нашите браќа од Алепо ги одбраниле нашите градови Санлиурфу, Гачијантеп, Кахраманмарас… Сега ние ќе го одбраниме херојскиот град Алепо, цела Турција ќе застане зад своите браќа“, изјави Давутоглу.

Премиерот на Турција потсети на настаните од Првата светска војна и турската борба за независност.

Сепак, тој пропушти да спомне дека Турција во таа војна влезе поради империјалистичките намери на Османлиското царство. Турција го почна конфликтот со гранатирање на руското пристаниште Одеса. Во трите града што ги спомна Давутоглу се случиле убиства на илјадници Ерменци и други малцинства, оценува Раша тудеј.

Градот Алепо, центарот на бунтот против сирискиот претседател Башар Ал Асад, е под интензивни напади на руските бомбардери, проследени со копнена офанзива на сириската војска и иранските специјални сили.